Мурињо не е загрижен за „петардата“

Реал Мадрид на пријателски меч загуби од Бенфика со 5-2 но Жозе Мурињо вели дека не е загрижен и дека „кралевите“ ќе победуваат кога тоа ќе биде потребно.

На овој меч Реал играше со некомплетен состав, без шпанските и португалските репрезентативци кои допрва треба да се приклучат на подготовките на екипата за новата сезона. „Не постои коментар како ’тежок пораз’ на пријателски натпревар. Бенфика играше во комплетен состав и ништо не експериментираше, а ние пробувавме нешто ново.“

{youtube}RCKt4SDGjZ4{/youtube}

„Се надевам дека ќе имаме можност уште еднаш да гостуваме тука во текот на натпреварувачката сезона и да победиме. Реал Мадрид сигурно ќе победува кога тоа ќе биде потребно, бидете уверени во тоа“ изјави во свој стил Жозе Мурињо, одговарајќи на новинарски прашања за „петардата“ од Бенфика.

- Реклама -