Мурињо: Не знам кој е тренер на Реал Мадрид

Португалскиот стратег Жозе Мурињо не издржа ниту еден ден да одговори на критиките од шпанските медиуми.

По последната победа на „Кралевите“ против Леванте која стигна благодарение на Мората, Шпанците го нападнаа Мурињо дека едноставно ги заборавил фудбалерите од младинската школа на Реал Мадрид, а кои се многу поквалитетни од некои негови избраници. А, „специјалниот“ не остана должен…

„Навистина некогаш не ми е јасно, кога ќе седнам да читам што се пишува, кој е всушност тренер на Реал Мадрид. Просто да се запраша човек: Па зарем не сум тоа јас? Затоа и не ми јасно кој го внесе Мората во игра против Леванте? Кој го донесе во првиот тим на Реал Мадрид? Кој има доверба во него? Очигледно и тоа треба да им го објаснувам на медиумите, дека тоа сум јас!“ вели Мурињо, кој му порачува на Мората да не лета во облаци.

Прочитајте и:  Тројца дефанзивци во плановите на Реал Мадрид за време на летниот преоден рок

„Сега сите ќе ја фалат неговата игра, ќе пишуваат ’бајки’ за него, но искрено се надевам дека тој поради тоа нема да се смени бидејќи e паметен, и има силен карактер. Верувам дека ќе остана трудољубив како и досега затоа што го чека уште долга макотрпна работа“ вели Мурињо.

Мората, откако Роналдо мораше да ја напушти играта поради повреда на окото, донесе победнички гол за Реал на гостувањето против Леванте по само една минута откако влезе во игра.

- Реклама -