Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, на дуелот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе постави уште еден рекорд, станувајќи најмлад стратег во историјата на ова натпреварување со 100 натпревари.
Ова на Португалецот му успеа со неполни 50 години, со што ќе го подобри рекордот кој во моментов е во сопственост на Карло Анчелоти. Тој стигна до „стотката“ со 51 година.
Само петмина тренери имаат вакво остварување, Арсен Венгер и Отмар Хицфилд стигнаа до ваква бројка во 58 година од животот, а сер Алекс Фергусон на свои 62 години.
Мурињо во својата досегашна кариера во Лигата на шампионите ги има водено екипите на Порто, Челзи, Интер и на Реал Мадрид, а во досегашните 99 натпревари има скор од 54 победи, 25 ремија и 20 порази.