Малкумина знаат дека српската пејачка Сека Алексиќ освен што пее пишува и блог, кој е доста читан.
На истиот, таа често ги покажува нејзините знаења за религијата и обичаите, но за жал, кога станува збор за оние основни медицински поими, таа буквално успеа јавно да се посрами.
Имено, станува збор за расправа на Твитер во кој главната учесничка е таа, а во која се обидуваше да раскаже какви се обичаите за жените кои се во време на циклус. Притоа, таа цело време наместо менструален циклус пишуваше „ПМС“, очигледно не знаејќи ја разликата.
Расправата веројатно ќе траеше и подолго да не се вмешаше една случајна корисничка на Твитер која им ја објасни нивната заблуда, а на крајот им порача:
„Фасцинирана сум од вашата дискусија во 21 век“.
Веднаш потоа Сека ги избриша коментарите.