Франц Кафка е меѓу најзначајните германски писатели на XX век.
Роден е во Прага (Австро-Унгарија) во семејство на трговец од еврејско потекло. Кафка е родоначалник на егзистенциализмот во литературата – го согледува човекот како субјект, но не само како субјект кој размислува, туку и како активна и жива човечка личност.
365 ве носи на Кафка патување. Да прочитаме дел од неговите мисли за животот.
1. “Животот цело време ни го одвлекува вниманието и ние дури и не успеваме да го забележиме она што се случува”.
2. “Оној кој ја задржува способноста да ја гледа убавината, никогаш не старее.”
3. “Вистинскиот пат минува по јаже кое е испружено не којзнае колку високо, туку само малку над земјата. Изгледа поставено така, како да ги тера луѓето да се сопнуваат, а не да чекорат по него.”
4. “Секоја револуција ја остава зад себе само калта на една нова бирократија.”
5. “Понекогаш е посигурно да си во окови, отколку слободен.”
6. “Продуктивноста значи да можеш да правиш работи кои не си ги можел порано.”
7. “Не смее да се привлече вниманието на државните службеници, вечно жедни за освета. Треба да се држиме смирено, дури и кога сè се одвива спротивно на здравиот разум.”
8. “Да веруваш во напредокот не значи да веруваш дека е направен некаков напредок.”
9. “Комуникацијата со луѓето поттикнува самонабљудување.”
10. “Започни со она што е правилно, а не со општоприфатеното”
11. “Страдањето е позитивен елемент во овој свет, макар да е единствената врска меѓу светот и позитивното.”
12. “Оној кој бара, не наоѓа, а оној кој не бара, обично е пронајден.”
13. “Стравот е мојата дрога и веројатно најдобриот дел од мене.”
14. “Ако веруваме силно во нешто што не постои, ние го создаваме. Непостоечкото е нешто што не сме го сакале доволно.”
15. “Првиот знак дека разбираш е желбата да умреш.”