Муцунски на средба со грчката амбасадорка: Отворени сме за дијалог за унапредување на сите прашања од заеднички интерес

На средбата со Филипиду, која е прва по преземањето на министерската функција, Муцунски истакнал дека од интерес на државата е градење добрососедски односи кои се пред сè, во функција на просперитетот, безбедноста и стабилноста на регионот

Остануваме отворени за дијалог за унапредување на сите прашања од заеднички интерес, порачал министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на денешната средба со грчката амбасадорка Софија Филипиду.

Од средбата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и грчката амбасадорка Софија Филипиду

На средбата со грчката амбасадорка, која е прва по преземањето на министерската функција, Муцунски истакнал дека од интерес на државата е градење добрососедски односи кои се пред сè, во функција на просперитетот, безбедноста и стабилноста на регионот.

„Во таа насока потенцирав дека остануваме отворени за дијалог за унапредување на билатералните односи и сите прашања од заеднички интерес. Изразив уверување дека остануваме силно посветени на натамошното унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка, пред сè како партнери и сојузници во НАТО-алијансата“,

информира министерот Муцунски по средбата со Филипиду.

- Реклама -