Нема да ви се верува колку добро звучи Фреди Меркјури и без музика.
Впечатливиот опсег од четири октави на фронтменот на Queen е толку моќен што буквално и кога ќе ја исклучите музиката уживате во едно извонредно уметничко изразување.
Фреди ќе остане во историјата со волшебните настапи во живо, како и со уникатните музички дела, како Bohemian Rhapsody, Killer Queen и We Are The Champions.
Во 1987 година Меркјури му вели на новинарот Дејвид Виг дека не се плаши да биде осамен 70-годишен богаташ.
“Живеев исполнет живот и не ми е гајле ако умрам утре. Навистина постигнав сè “, изјави тогаш тој.
Меркјури почина во Лондон на 24 ноември 1991 година на 45-годишна возраст.
Бонус и The show must go on – а капела