Папата Францис ќе добие милион долари за хуманитарна организација по свој избор ако во периодот на Големиот пост донесе одлука да стане веган, засекогаш.
Зад понудата стои меѓународната веганска кампања The Million Dollar Vegan, поддржана од разни музички и филмски ѕвезди, меѓу кои музичарите Пол Макартни и Моби, актерите Вуди Харелсон и Хоакин Феникс, и други. Понудата на папата му е испратена преку писмо напишано од 12-годишната Џенезис Батлер, која е популарна Твитер веганка и активистка за правата на животните.
„Бараме од папата Францис да помогне во заштитата на нашата планета така што ќе го привлече вниманието кон страшниот импакт на одгледувањето животни за исхрана“, вели Батлер во видеото објавена на веб страната на кампањата.
Со преминувањето на веганска исхрана, папата би го „предводел патот кон одржлива планета“, сметаат активистите. „Придружете ни се и борете се против климатските промени преку поинаква исхрана“, додава Батлер.
Големиот пост почнува шест недели пред Велигден. Донацијата од милион долари ќе ја обезбеди компанијата Blue Horizon International, која се бави со терапија со матични клетки.
Папата Францис донекаде сам се намести да го прават веган. Во јуни 2015-та, на пример, твитна дека „е спротивно на човечкото достоинство да предизвикува животните да страдаат и умираат без потреба“.