Хамфи Коза (25) го употребил неговиот лап-топ за да се снима додека имал секс со неговата 17-годишна девојка, без нејзино знаење. Не многу подоцна, видеото се појави на социјалните мрежи.
Бесната тинејџерка се соочила со Коза во еден паб, нарекувајќи го „куче“, по што му истурила киселина во скутот.
„Се се случи додека да трепнеш. Ја видов кога доаѓање со шише, но не знаев дека носи киселина“, раскажува Јужноафриканецот.
„Беше лута и ме нарече куче. Ме праша како сум можел да и направам толку злобно нешто. Дури тогаш сфатив дека зборува за видеото што го снимив додека имавме секс“, раскажува Коза, нагласувајќи дека не знае како видеото се нашло на друштвените мрежи.
Сеедно, тој ја плаќа цената. Докторите му соопштија дека пенисот никогаш веќе нема да му биде од корист и дека ќе мора да уринира преку цевка.
„Дури и да поднесам обвиненија, бескорисно е, бидејќи тоа нема да ми ја врати машкоста. Ако таа оди во затвор, тоа ќе и ја уништи иднината, бидејќи е уште млада и немам енергија да одам по судови“, вели покајникот.
Сами извлечете си поуки.