Националниот сервис го враќа спортот во големи количини на својата програма со отварање на нов четврти канал со спортско забавна содржина.
Наскоро ќе тргне четвртиот канал, се очекуваат комплетирање на административните формалности и новиот национален канл да започне со програмата.
Како што пишуваше дриблинг.мк , МТВ го врати ракометот на својата програма од Лигата на шампионите, ќе се емитуваат преноси од настапите на Вардар и Еурофарм Работник, СЕХА лигата останува на програмата.
Од фудбалот ќе се емитуваат преноси од Серија А по еден меч и од Лига1, веќе започнаа преносите од домашното првенство…
Тоа не е се, ќе се емитуваат преноси од НБА, НХЛ но и Светското првенство во Атлетика…
МТВ обезбеди и преноси од Европското првенство во одбојка каде ќе настапува Македонија на шампионатот во Словенија.