МРТ: „Империја“ не ги исполнува критериумите за достојно претставување на Македонија

Откако вчера од YouTube беше избришан  спотот за евровизиската песна „Империја“ на Влатко Лозаноски и Есма Реџепова, реагираше и Македонската телевизија. Од таму објаснуваат дека телевизијата нема врска ниту со изработката, ниту со отстранувањето на спотот од You Tube.

„Спотот за кој јавноста до пред неколку часа коментираше дека е промотор на зданијата на проектот Скопје 2014 е отстранет од сите канали на YouTube. Шефот на Евровизиската делегација на Македонија, Љупчо Мирковски објаснува дека МРТ како и минатата година, дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализацијата на видео записот за песната којашто годинава ќе ја претставува Македонија на Изборот за Песна на Евровизија 2013 – во Малме, Шведска“, стои во писмото испратено од Шефот на Евровизиската делегација на Македонија, објави „Вест“.

esma4

Во него се наведува дека видео записот не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од него, кој поради програмската најава за директниот пренос на 27 февруари, мораше да биде емитуван.

- Реклама -