Музејот на Современа уметност МСУ – Скопје, стана член на балканската мрежа на музеи каде членуваат околу 100 музеи од Балканот, бројни граѓански организации и 200-тина индивидуалци од културниот сектор.
Мисија на БМН е фокусирана кон музеите на Балканот и подразбира поддршка и развој на креативни лидери во музеите, застапување на социјално одговорни музеи, кои го промовираат учењето и меѓусебната соработка и напредок, исчекор нанапред, користејќи го заедничкото наследство на Балканот, како темел за сегашните и идни генерации.
Балканска мрежа на музеи (БМН) го афирмира, зачувува и споделува комплексното заедничко културно наследство на Балканот и преку меѓусебна соработка ја степенува важноста на музеите.
Визијата на мрежата е да ги промовира музеите како институции за учење, откривање, инспирација и како агенти на социјална промена – во сопственост и под заштита на општеството, отворени за сите.
БМН се обврзува на еднаквост, толеранција, учество, транспарентност и одговорност.
Цели на БМН се: Засилување на музеите и на професионалците во музеите и заштита на наследство во Балканот, Музеите се вредности и се користат како ресурс и стожер во граѓанското општество, БМН е платформа за соработка и колективно застапување на музеите, како институции и луѓето кои работат во нив.