Во четврток, на 18 јули од 21 часот се отвара МСУ летно кино – Урбани пејзажи од ‘60-ите на филм. Програмата се реализира во соработка меѓу МСУ – Скопје и Кинотека, а кустос е Софиа Григориаду.
Селекцијата на кратки филмови ги отсликува трансформациите во скопските урбани пејзажи во ‘60-ите години, преку објективот и наративите на застапените режисери и писатели, рефлектирајки го и модернистичкиот наратив вграден во југословенските градови воопшто. Во еден од филмовите снимен неколку месеци пред земјотресот во 1963 година, додека следиме игранка на една од терасите во центарот на градот, за миг го забележуваме и Офицерскиот дом. Во филмовите направени во наредните години, градот веќе е во реконструкција: крановите и градилиштата се секојдневие, станувајќи дел и од детските игри. Висококатните станбени блокови, стаклените фасади, другите елементи на урбаната архитектура, возилата и вратите на автобусите, не се само сведочи на дејствијата, туку и учесници во нив, како и коментатори на ставовите на ликовите или ситуациите во кои се наоѓаат. Оваа селекција покажува дека иако градот не е нужно во главниот фокус на филмовите, во секој од нив урбаниот пејзаж не е сведен на обична позадина за дејствието, туку е суптилно вклучен во прикажаните.
„Иако, филмовите понекогаш пренесуваат начин на гледање што денес би бил оспоруван, тие остануваат актуелни со нивната оригинална нарација и кинематографија, како и со нивната отвореност кон експериментирање. Тие зачувуваат драгоцено сеќавање на едно време во кое градот изгледал и се чувствувал поинаку, бидејќи живо ги пренесуваат начините на кои постојано променливите урбани пејзажи влијаат врз минувачите и врз жителите“, велат од МСУ.
Филмови кои ќе бидат прикажани се
„Неволјите на покојнкот К. К.“ (Здравко Велимировиќ), 1963, 15 мин
„Лифт Горе Лифт Долу“ (Душан Наумовски), 1967 12, мин
„Патека“ (Љубиша Георгиевски), 1967, 07 мин
„Споменик“ (Вељо Личеновски), 1967, 09 мин
„Човекот во црно“ (Бранко Ставрев), 1970, 10 мин