Ова налик не е типична пица, но вкусот е ист како традиционална италијанска Маргарита. Доколку ве мрзи да месите тесто за пица, или не ви се допаѓа готовото тесто за пица, зошто да не ја пробате оваа верзија? Подеднакво е вкусна.
Искористете било каков леб – француски багет, чијабата или обичен бел леб. Премачкајте го лебот со маслиново масло и додајде малку лук ситно исечкан, наредете одгоре со моцарелата, доматите и босилокот и потпечете ги некои 7-8минути, дури да се стопи сирењето. Вашите мрзливи маргарити се готови!
Bon appetite!