Утврдено е дека 21-годишното момче се удавило.
Претходната ноќ во куќата имало забава.
Во безенот на 52-годишната американска актерка Деми Мур во Беверли Хилс, било пронајдено мртво тело на 21-годишно момче за кое е утврдено дека се удавило, пренесува TMZ.
Претходната ноќ во куќата се одржала забава, а актерката не била дома, односно била надвор од градот. Во куќата се наоѓаат нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис со нивните ќерки, а нејзиниот сосед се пожалил дека таму се оддржуваат забави „секој ден и ноќ“.
Сепак, никој во полицијата не потврди дека Вилис и ќерките биле во куќата кога во базенот било пронајдено телото.