Мразите стомачни? Вртете хулахоп

Една неодамнешна студија покажа дека повеќето жени на себе би го смениле изгледот на стомакот. Проблемот е во тоа што покрај децата, работата и сите обврски, немаат време за теретана или да изнајмат личен тренер. Но, сега благодарение на последниот хит меѓу славните решението може да го најдат во хулахоп.

„Токму сега вртам хулахоп“, неодамна изјави Кели Озборн. „Пет минути наутро, пет минути навечер…за неколку дена  изгубив пет сантиметри во струкот“.

Неодамна Мишел Обама вртеше хулахоп клечејќи. Грејс Џонс го имаше на сцена минатата година, а Бијонсе заслугите за одличната линија по породувањето му ги препиша токму на хулахопот.

mobama_gl_22oct09_PA_b_592x888

За да ги провери ефектите од хулахопот, во авантура се впуши новинарката од Daily Mail, Џени Вуд која се породила пред 18 месеци. Иако ги изгубила вишокот килограми од бременоста, никако не можела да се ослободи од таканаречениот мајчински стомак. Помош побарала од 30-годишната Ен Друри која се занимава со вртење хулахоп во последните пет години.

Дури и оние најбезнадежните може да научат да вртат хулахоп, а тајната е во искуството и во вистинската опрема – што е поголем и потежок хулахопот, полесно е да се контролира и побрзо ќе го направите стомакот совршен и рамен.

0510007.48

Кога облеката е во прашање подобро е да биде што потесна затоа што тканенината нема да смета на обликувањето на стомакот.

Ен објаснува дека вртењето хулахоп е како возењето велосипед – треба да го пронајдете својот ритам и кога ќе го направите тоа, никогаш нема да го изгубите. Музиката може да ви помогне да се опуштите и да го олесните процесот. Советот на Ен е да останете позитивни и да се сконцентрирате обрачот да не ви падне. Модринките исто така не се редок случај при вежбањето.

6 недели по 10 минути дневно = минус 5 сантиметри во стомакот

Kelly2Џени добила совет да го следи примерот на Кели Озборн – да врти хулахоп 10 минути дневно. За поинтензивни вежби требала полека да се врти додека го врти обрачот или да се движи низ дома. За побрзо трошење на калориите требала да го менува темпото – да го забрзува вртењето, а потоа да го забави.

По почетната борба со обрачот, Џени по три недели можела да направи сто вртења пред да и падне хулахопот. По четири, можела да направи илјада во двата правци, притоа одејќи по куќата. Ен и предложила да чита книга, да зборува на телефон или да најде друга активност со која ќе ги окупира рацете и да го врти обрачот без да размислува на тоа.

По шест недели десетминутни дневни вежби, резултатите биле неверојатни – нејзиниот стомак се намалил за пет сантиметри, струкот за два, а задникот за три. Освен тоа, изгубила 2,5 килограми.

Затоа набавете хулахоп, а за да ги ублажите почетничките маки, научете да вртите од видеово

[youtube]http://youtu.be/0visc3p6uAA[/youtube]

- Реклама -