Бремените мајки сега ќе можат да ја слушаат својата омилена музика заедно со своите бебиња уште пред тие да се родат со Ritmo звучниот систем кој се завиткува околу стомакот.
Бремените мајки сега ќе можат да ја слушаат својата омилена музика заедно со своите бебиња уште пред тие да се родат со Ritmo звучниот систем кој се завиткува околу стомакот.
Дизајнерите на Ritmo велат дека бебињата покажуваат знаци за „реактивно слушање“ уште од 17-тата недела од бременоста, а тие исто така тврдат дека доколку му се овозможи на фетусот да слуша музика, тоа ќе влијае врз подобрување на музичките способности и интелектуалниот развој на бебето уште додека е во стомакот.
Новата направа, која се поврзува за MP3 плеер, се вели дека ќе им овозможи на мајките и бебињата да го споделат „сензорното и емотивното искуство на поврзување преку звуци и музика.“ Ритмо може да се купи на www.nuvo-group.com. [The latest must-have gadget: an mp3 player for unborn babies]