Мозокот има начин да се избори против зависноста од марухуана

Молекула, произведена од мозокот е дел од природниот  заштитен механизам против штетните ефекти од канабисот.

Тоа може да го отвори патот на евентуален  третман против зависноста од дрогата, според истражувањето објавено во американското научно списание Science.

Меѓу најпознатите штетни ефекти на употребата на канабис е изградба на бариери за когнитивните процеси (когнитивен дефицит), вклучувајќи оштетување на меморијата и вкупно губење на мотивација.

Зависници на канабисот се повеќе од 20 милиони луѓе во светот. Затоа  тимот на истражувачи се заинтересираа за прегненолон, молекулата која е  прекурсор на сите стероидни хормони (прогестерон, тестостерон …),

Научниците го нарекуваат прегненолонот родител на хормоните во организмот. Иако генерално се смета дека нема специфичен биолошки ефект, научниците покажаа дека всушност тој е во состојба да го заштити мозокот од штетните ефекти на канабисот.

Преку примена на високи дози на канабис кај стаорци и глувци, истражувачите успеале да ја зголемат церебралната концентрација на прегненолон во мозокот и со нејзина  помош да ги блокираат штетните ефекти на активната состојка на канабисот (ТНС), која дејствува врз канабиноидните рецептори (СВ1) наредени врз невроните. Активната состојка THC е делта 9 тетрахидроканабинол. Тревата која се одгледува во стакленици, во блиски до идеалните услови, често содржи висока концентрација на THC. Хашишовото масло може дури да содржи повеќе од 50 проценти THC.

Тестираните   дози биле многу повисоки од оние на кои се изложени редовните корисници на канабис „од редот на 3 до 10 пати повеќе”, вели раководителот на истражувањето Пјер Винченцо Пјаца (Pier Vincenzo Piazza).

Со зголемување на дозата, истражувачите открија досега непознат природен процес, кој  намалува  влијанието на канабисот врз меморијата.

Тие извршиле и лабораториски тестови врз рецепторите на човечка CB1, по што ги добиле истите резултати.

Но бидејќи прегненолонот е природен хормон кој се апсорбира слабо и брзо се исфрла од телото, истражувачите имаат развиено и негови деривати – модифицирани, за да може да се апсорбираат од телото и да не се развијат во стероидни хормони, соопшти Пјаца.

„Се надеваме да почнеме со  клинички испитувања врз луѓе до година – година и пол”, додаде тој, истакнувајќи дека ако ефикасноста на овие деривати на прегненолонот се потврди, тоа ќе биде „првата фармаколошка терапија против зависноста кон канабисот”.

 

- Реклама -