Изгледа дека, Mozilla не може да го освои пазарот на паметни телефони. Но сепак не се отказува и изгледа дека наскоро сака да не изненади со ултраевтин паметен телефон.
Топ-менаџерот на Mozilla, изјави дека оваа година компанијата ќе претстави уред со Firefox OS, кој ќе чини само $ 25. Уредот ќе биде ориентиран кон пазарите во развој, или поточно за Индија и Индонезија.
Оперативниот директор на компанијата Ли Гун смета дека паметните телефони, кои чинат повеќе од 60 долари (станува збор за тековните Firefox-Smartphones на ZTE и Alcatel), не се многу популарни на овие пазари, каде што купувачите го ценат секој долар. Токму за тоа, нивниот уред ќе се продава многу поевтино.
Очигледно е дека Mozilla го презема овој чекор не само поради загриженоста кон луѓето со ограничениот буџет, но и поради ниската популарност на нејзините сегашните уреди кои не ги привлекуваат потрошувачите дури и со нивната ниска цена. Преку 25 доларски смартфон и проширувањето на мрежата од дистрибутери, Mozilla планира да продаде најмалку 10 милиони Firefox паметни телефони во наредните месеци.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk