Можете ли да препознаете што е лажно, а што вистинско, што е скапо, а што евтино?

Колку ве бива за избегнување на измами и фалсификати? Можете ли да препознаете материјали само од око?

На пример, кое е вистинско дрво, а кое пластика?

Кое е природна свила, а кое синтетика?

Кој бисер е вистински?

Која чинија е порцелан, а која е керамика?

Која е вистинска кожа?

Која од овие слики прикажува квалитетен МАТ кармин?

Кое е сребро, а кое бижутерија?

Кое е вистинска волна?

Кој прстен има вистински дијаманти?

 

Еве ги одговорите, заедно со мали хинтови што за во иднина да бидете подобри во проценките.

ДРВО

Некогаш лажното дрво е толку добро направено што станува невозможно да го препознаеш вистинското. Треба да се гледа бојата и текстурата; на вистинското дрво е подлабока. Ако можете да чукнете за да проверите, станува уште полесно – дрвото дава потап звук.

СВИЛА

Конците на свилата се со различна дебелина, бидејќи е од природно потекло. Исто така, свилата не се гужва, и не се електризира.

БИСЕРИ

Природниот бисер нема перфектно мазна површина; порозен е. Исто така, бисерот оддава синкаста рефлексија кога е под светлина, за разлика од синтетичкиот, кој оддава зеленкаста.

ПОРЦЕЛАН

За разлика од порцеланот, керамиката има помазен отсјај. Најдобро е да ги поставите под светло. Порцеланот е минимално транспарентен и дури има и нежен сјај; керамиката нема. Другиот начин е звукот: порцеланот секогаш одѕвонува (слично на стакло), дури и при нежен удар.

КОЖА 

Имитацијата на кожа (ака. „еко-кожа“) има потемна боја која со тек на време избледува, а текстурата ѝ е во „поиздолжена“ форма. Друг начин е да ги свиткате. Кога се витка, вистинската кожа добива „брчки“, а кога ќе ја исправите површината брзо се враќа во првобитната состојба.

МАТ КАРМИН

Генерално правило е дека мат карминот од скапите (квалитетни) брендови има мат боја уште од првиот момент кога ќе го нанесете. Евтините (лажни) имаат сјај непосредно по нанесувањето.

СРЕБРО 

Сребрените продукти имаат јасни, полирани рабови и еднаква боја. Металот има повеќе бразди, дамки и изгледа како составуван од мали делчиња. Дополнително, среброто не го привлекуваат магнети, за разлика од железото. И најочигледното, среброто треба секогаш да има жиг.

ВОЛНА

Волнените конци изгледаат како да се со нееднаква дебелина. Синтетиката, за разлика, има еднакви конци и компактна/интергрална структура. Сепак, главната разлика е што волната не создава статичен електрицитет.

ДИЈАМАНТ

Поради начинот на кој се рефлектира светлината, вистинскиот дијамант секогаш сјае светло и во нијанса на сиво. Ако сјае во сите бои на виножитото, тоа е знак дека е лажен. И нормално, и секој дијамант треба да има жиг/ознака.

 

- Реклама -