Можете ли да го решите овој парадокс?

Еве еден „едноставен“ проблем што ќе ве збуни и натера да размислувате. А нема да бидете први. Наводно, тоа прв го направил Аристотел, а со парадоксот се позанимавал и Галилео.

Се работи за две тркала со различна големина (радиус и периметар), едно во друго. Згодно е да ги замислите како автомобилско тркало, едното е надворешната линија на гумата, а другото е надворешната линија на бандажот. Двете ротираат заедно и поминуваат одредена далечина. Но, како е возможно со само една ротација да изминат еднаква дистанца?

AristotlesWheel[1]

Од анимацијата може да се заклучи следното: Дека двете тркала имаат еднаков периметар (а немаат) или дека различните периметри се „одвиткуваат“, т.е. исправаат до еднаква далечина (што е математички и логички невозможно). Овој случај важи без разлика на радиусот на кругот – дури и да се работи за круг со радиус од 1 см, тој ќе помине еднаква далечина со кругот со радиус од 1 км, при само една ротација. Како е ова можно? Што се случува?

Сеуште не можете да разберете? Се предавате? [lightbox link=”https://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/objasnuvanje-final.png”]Клик ТУКА[/lightbox]

- Реклама -