Луѓето потсвесно прават илјадници ситни предвидувања секој ден, без разлика дали се работи за размислување кога ќе пристигне автобус, кој тропа на врата или дали турната чаша ќе се скрши. Сега научниците почнуваат да разбираат зошто мозокот е изненадувачки прецизен гатач – но само кога се работи за здодевни секојдневни настани.
Истражвачите од Универзитетот од Вашингтон во Сејнт Луис се фокусирале на системот за допамин во средниот мозок (MDS), кој ги испраќа сигналите до остатокот од мозокот кога ќе се случи нешто неочекувано. Користејќи функционална магнетна резонанса (fMRI), тие откриле дека овој систем создава предвидување кога гледачите се приморани да изберат што ќе се случи во видео од секојдневен настан.
Тие откриле дека помеѓу 80 и 90 проценти од предвидувањата на гледачите биле точни, во зависност од тоа кога била застаната снимката. Главниот истражувач, Џефри Зекс, вели дека предвидувањето на блиската идниан е водечко однесување и е клучен дел од теориите за перцепција, обработка на јазик и учење. Тој рекол: „Важно е да можете да избегате кога лав ќе скокне кон вас, но уште поважно е да можете да скокнете настрана пред лавот да скокне. Голема предност е да гледате само малку зад хоризонтот.“
Истражувањето исто така ќе им помогне и на оние со рани форми на невролошки болести како шизофренија, Алцхајмерова и Паркинсонова болест, додал професорот. Научниците тестирале здрави млади доброволци на кои им биле прикажани филмови од секојдневни настани како перење облека или градење на модел со LEGO коцки. Филмот бил пуштен одредено време по што бил паузиран.
Од учесниците птоа било побарано да предвидат што ќе се случи по пет секунди бирајќи слика со она што тие мислеле дека ќе се случи. Половина од времето видеото било сопирано непосредно пред почеток на нов настан. Во останатиот дел од времето, видеото било сопирано во сред настан. Истражувачите откриле дека учесниците предвидувале со точност од над 90 проценти во еден настан, но помалку од 80 проценти на следниот настан.
Професор Зекс изјавил: „Ова е точката каде што тие имаа најмногу проблеми во предвидувањето на иднината. Потешко е да се предвиди цел нов настан, и тие знаат дека ќе имаат проблеми.“ Во експериментот со функционална магнетна резонанса истражувачите забележале значителна активност во неколку региони на средниот мозок, меѓу нив и субстанција нигра – местотот од каде потекнува системот за сигнализирање со допамин – и во збир јадра наречени стриатум.
Субстанција нигра е делот од мозокот кој е најпогоден од Паркинсонова болест, и е важен за контролирање на движењата и носење на адаптивни одлуки. Мозочната активност во експериментот била октриена од fMRI во две критични точки – кога субјектите се обиделе да направат избор, и веднаш откако им било кажано дали одговорот е точен или не. Професор Зекс додал: „Кога гледаме секојдневна активност ние правиме предвидувања за она што ќе се случи во следните неколку секунди. Најчесто тие предвидувања се точни.“
„Успешното предвидување се поврзува со субјективносто искуство на течна низа на свест. Но неколку пати во минута нашите предвидувања се грешни по што ние искусуваме прекин во низата, придружен со скок во активноста на примитивните делови од мозокот поврзани со MDS кои го регулираат вниманието и адаптацијата на непредвидени промени.“ [We CAN predict the future: The brain knows what’s going to happen before it does]