Можеби ќе бидеме подобри шофери во воздух

Американската автомобилска компанија Terrafugia добила дозвола од Федералната агенција за воздухопловство да започне тестови на разработениот прототип на летачки автомобил TF-X.

terrafugia-tf-x-2-1500x938

Се очекува тестовите да започнат во следните неколку месеци, а засега компанијата ќе ја тестира само мини верзијата на возилото.

TF-X е вид на голем автомобил со крилја, кој може да го собере во стандардна гаража, објасни портпаролот на Terrafugia. Во нејзиниот развој учествувале 35 луѓе. Летечкиот автомобили со децении е сон на автомобилските производители, но досега никој не успеал да го пушти на пазарот. Компанија, спонзорирана од француската влада, исто разви свој модел Xplorair чиј прототип беше претставен на авио-изложбата во Париз во 2013 година. Истиот сепак повеќе личи на дрон отколку на автомобил.

Terrafugia работат на своите модели и прототипи речиси десет години. TF-X лета полусамостојно, бидејќи идејата е летечките автомобили да бараат помалку обука за летање од професионалните авиони.

За целосната верзија на автомобилот ќе бидат потребни уште одобренија од Федералната агенција за воздухопловство. Едно е сигурно – ако дојдат до пазарот, летечките автомобили ќе направат вистинска револуција во начинот на кој луѓето се движат.

- Реклама -