Може и нема да си дочекаме пензија

Се надевате дека ќе успеете да се пензионирате пред да наполните 70 години? Немојте, ќе ви се смеат експертите.

Развиените земји ќе треба драстично да ја зголемат возраста за пензионирање, бидејќи постои реален ризик од колапс на пензиските системи, велат препораките од Светскиот економски форум.

Работната група препорачува работењето до возраст од барем 70 години да стане норма до 2050 година, се вели во новиот извештај.

Денес во развиените земји возраста за одење во пензија најчесто се движи околу 65 години за мажите и 63 години за жените.

Основниот проблем кој наложува драстично зголемување на возраста за пензионирање, сметаат експертите, е должината на животниот век; денес луѓето живеат подолго од кога било досега. Како резултат, средствата предвидени за пензии нема да можат да го компензираат растечкиот број на пензионери.

Тенденцијата се засилува сé повеќе и повеќе. Бебињата родени денес во земјите со развиена економија можат да имаат животен век кој ќе надминува и 100 години, се предвидува во извештајот.

Според работната група, недостигот на средствата за пензии, како и недостатокот на лични заштеди за во староста, е „темпирана бомба“. Се предвидува дека тоа ќе создаде проблем кој до 2050-та, во само осум земји – САД, Велика Британија, Јапонија, Канада, Австралија, Индија, Кина и Холандија, ќе се манифестира со 400 трилиони долари дефицит во пензиските системи.

„Треба да го адресираме проблемот сега, или да прифатиме дека последиците ќе ги живеат идните генерации, поставувајќи ги под неиздржлив товар нашите деца и внуци“, вели претставникот на Светскиот економски форум – Михаел Дрекслер.

Американците се соочуваат со најголемата дупка во однос на тоа колку им е неопходно во споредба со тоа што реално го имаат. Станува збор за дефицит од 28 трилиони долари во 2015 година, кој ќе се зголеми до 137 трилиони до 2050 година.

Според извештајот, причина за јазот е стареењето на просечното население, но исто така и најниските инвестициски приходи во последнава деценија. Враќањето на инвестициите на капиталниот пазар е 5 процентни поени пониско од проценетата просечна профитабилност на долг рок.

Аналитичарите алармираат дека владите мора што побрзо да преземат мерки за да ги заштитат нивните граѓани.

Покрај зголемување на возраста за пензионирање, извештајот советува и полесен пристап до инструментите за штедење. Се препорачува и подобрување на финансиската писменост, за да можат работниците да разберат со кои можности располагаат околу пензиското штедење… бла бла бла…

- Реклама -