Може ли секој да биде Ајнштајн?

Повеќе...

Науката е се поблиску до решавањето на комплексниот проблем кој се вика човечки мозок и истражувањето дали постои гениј во секој од нас…


ajnstajn.jpg

Науката е се поблиску до решавањето на комплексниот проблем кој се вика човечки мозок и истражувањето дали постои гениј во секој од нас. 
 
Мозокот не е мускул, тој се состои од 1.3кг смеса од масти, вода и протеини и со него управуваат неуротрансмитери. Тоа е најкомплексното нешто во универзумот. Направен е да трае во најдобар случај околу 100 години. Како што поминуваат годините тој се намалува и ослабува. На околу 30 години го достигнува врвот на интелектуалноста и колку повеќе живее станува сè поглупав. 
 
Сепак, има и светла точка. Ако го тренираме ги зајакнуваме и произведуваме нови мозочни ќелии. И така мозокот наместо да го оставиме побрзо да се распадне ние можеме да го одржуваме подолго време свеж. Всушност, ги полниме мозочните батерии, или буквално кажано го обработуваме со сите акции, реакции, прерцепции, ставови и позиции, во секоја минута во денот и секој ден од неделата и секој месец во годината и секоја година од нашиот живот. Нормално, стресот ги лимитира креативноста, флексибилноста и интуитивното размислување. Кога конечно ситуацијата изгледа безнадежна следува момент на релаксација, на предавање, и тој момент станува еурека момент. Повеќето би го нарекле тоа инспирација или интуиција, но невролозите претпочитаат поедноставен наслов. 
 
Мозокот работи со ограничен број конекции директно поврзани со дадениот проблем. Кога ќе запрете, конекциите се губат и се формираат нови конекции. Мислите дека некој случаен предмет (птица или дрво) ве инспирира. Конечно го достигнувате еурека моментот и "Аха!" проблемот е решен. Всушност, тоа не е инспирација. Не постои такво нешто. Тоа е повеќе реконфигурација на старите мисли. Повеќето интуиции доаѓаат кога не размислуваме на проблемот. Обично вистинското решение доаѓа за време на прошетка или кога слушаме музика или кога спиеме. Интуицијата не доаѓа од небото. Сите процеси се наоѓаат во еден мал дел од мозокот – претходен супериорен и надмоќен временски гуру. Сите парчиња од информации се складираат тука. 
 
Можеби еден ден невролозите и психолозите ќе ни дадат попрецизен одговор на ова комплексно чудо и ќе ни објаснат како процесот функционира, од што се состои и што да правиме ние со него, кои се границите? Но, дали ќе го направат тоа?

- Реклама -