Верувале или не, досадата навистина може да го скрати вашиот живот, тврдат научниците.
Оние кои често се жалат дека им е досадно веројатно ќе умрат пред време, а оние кои ја доживуваат досадата особено интензивно имаат за 2,5 поголеми шанси да заболат од срцеви заболувања или да доживеат срцев удар од оние кои се помалку-повеќе задоволни луѓе.
Над 7.000 јавни службеници учествувале во проучувањето кое траело 25 години. Учесниците кои често се жалеле на досада во 40% од случаевите умреле пред студијата да биде завршена. Научниците сметаат дека причината за тоа би можела да се крие во фактот дека на оние на кои им е досадно и кои се незадоволни со својот живот често се препуштаат на нездравите навики како пушењето и пиењето за кои се знае дека делуваат врз должината на човечкиот живот.
Специјалистите од Оделот за епидемилогија и јавно здравство од Лондон анализираа податоци за 7,524 службеници на возраст помеѓу 35 и 55 години кои беа интервјуирани во текот на периодот од 1985 до 1988 за интензитетот на досада која ја доживуваат. Потоа стручњаците проверувале дали некој од нив починал.
Мартин Шипли, кој е ко-автор на истражувањата, вели дека сознанијата укажуваат на тоа дека досадата има јасна поврзаност со срцевите болести „Важно е оние со досадна работа да најдат некои надворешни интереси за досадата да ја држат подалеку од себе наместо да се препуштаат на цигарите и пиењето.“, вели тој.
На сето тоа Грахам Прајс додава дека е важно луѓето да ги разликуваат причините и последиците. Тој се прашува дали тие луѓе се препуштаат кон цигарите и алкохолот затоа што им е досадно или затоа што имаат одредени карактерни особини коиги водат кон тоа. Тој тврди дека на луѓето кои се демотивирани и кои не се инспирирани од сопствеиот живот, заради што стануваат депресивни, најдобро е вниманието да го насочат наместо кон себеси кон другите луѓе. Наместо постојано да размислуваат за себеси, би требало да мислат за тоа што можат да направат за семејството, пријателите и колегите.