Освен спортот на терените, најдобриот дел од Super Bowl се рекламите, а многу познати брендови за таа прилика снимаат посебни спотови. Тоа го направи и Calvin Klein чија реклама сигурно ќе го привлече вниманието.
Во провокативното видео што трае 16 секунди моделот Метју Тери облечен само во долна облека го покажува неговото мускулесто тело на кое ретко кој ќе остане рамнодушен.
http://youtu.be/lvayTCuv-6E