Motorola XOOM е првиот таблет со Android 3.0, Honeycomb (видео)

Motorola XOOM е првиот таблет со Android 3.0, Honeycomb (видео)Motorola XOOM е првиот таблет комјутер со оптимизиран Android 3.0 и воедно прва ваква направа од големата американска компанија, која беше прикажана деновиве на CES 2011. XOOM таблетот има екран од 10.1 инчи со резолуција 1280×800 пиксели, 5MP 720p HD камера (плус фронтална 2MP камера), HDMI излез, DLNA, 1 GB RAM, можност за надградба од 3G на 4G мрежа, како и двојадрен 2GHz процесор кој ќе овозможи снимање и гледање на HD видеа.

Направата изгледа убаво, со 16:10 widescreen екран и тенка основа. Со Android 3.0, апликациите и виџетите ќе бидат редизајнирани како максимално би се искористил големиот екран, за разлика од оној на смартфоните.

Дополнително, како и неколку таблети досега XOOM ќе понуди: акцелерометар, барометар, жироскоп, адаптивно осветлување, 3G, Wi-Fi и секако поддршка за Adobe Flash 10.1. Motorola XOOM на пазарот би требало да се појави до март оваа година.
Motorola-XOOM-1Motorola-XOOM-2Motorola-XOOM-3Motorola-XOOM-4
{youtube}D7zheLybA-Q{/youtube}

- Реклама -