Морското чудовиште од Нантукет

footprints[1]

Во 1817-тата, жителите на поспаниот остров Нантукет во Масачусетс (САД) конечно видоа малку возбуда, додуша можеби не таква каква што посакуваа.

Еден рибар од соседниот Глочестер инсистираше дека видел џиновско суштество со форма на желка и глава со рогови, како плива во Атлантските води околу Нантукет. Во тоа време, научниците мислеа дека се работи за Scoliophis atlanticus т.е. за суштеството познато како „атлантска грбава змија“. Локалните, пак, не беа убедени, а се појавија и нови сведоштва.

monstrous-charleston-daily-mail[1]

Во 1937-ма година, друг рибар – Бил Манвил, тврдеше дека видел нешто што го опиша како подолго од 30 метри. Со зборовите на локалниот весник Nantucket Inquirer & Mirror, тоа било „зелено чудовиште – што неколкупати ја завртело главата и погледнало настрана, па се нурнало во водата“. Луѓето брзо го отфрлија сведоштвото на Манвил, ама веќе следниот ден еден друг рибар (овој не пиел – така беше истакнато и во весникот) се прошетал до плажата со надеж дека ќе го види суштеството, кога налетал на големи отпечатоци од стапки – долги околу 1.60 метри и широки околу 114 сантиметри. Речиси без сомневање се работеше за морското чудовиште.

measuring-footprints[1]

Луѓето зуеја од љубопитност, а фотографиите од џиновските стапки беа испратени дури до Њујорк Сити, каде и самите експерти беа збунети од тоа што го видоа. Според зборовите на д-р. В. Рид Блер – на чело на Њујоршкото зоолошко друштво:

„Ниедно морско животно не би можело да ги остави трагите, бидејќи тие не се движат толку на нивните перки, колку што се движат на вторите зглобови и нивните стомаци. Доказот за нивно поминување би бил биден на плажата само во форма на мала вдлабнатина. А ако зборуваме за копнен цицач, не постои ништо на Нантукет што би можело да остави така големи траги“.

Ама жителите на Нантукет не мораа да чекаат долго за да со свои очи да го видат толку зборуваното чудовиште: водата го изнесе на брегот на една друга плажа во близина. Навистина беше долго над 30 метри и имаше заби подолги од човечка рака. Само што, беше полно со воздух. Чудовиштето, всушност, беше само голем балон.

open-mouth[1]

set-up[1]

Луѓето на Нантукет беа излажани, и тоа од еден од нив. Антикварницата Тони Сарг ги имаше поставено стапките, како дел од голема кампања за публицитет која имаше за цел да го привлече вниманието кон инаку досадниот град. Веројатно и немаше подобар кандидат за таа работа од самиот Тони Сарг – дизајнер, сликар и куклар (денез познат како America’s Puppet Master) – кој во Америка е познат и како креатор на првите балони за парадата по повод Денот на благодарноста на „Macy“ (традиционална парада по повод празникот, организирана од познатиот американски маркет).

kids-posing[1]

side-view[1]

postcard-sepia[1]

Како што се покажа, Сарг ја оркестрирал целата работа во соработка со локалните весници, вклучувајќи ги и сите „сведоштва“ (без знаење на сведоците) и стапките. И покрај тоа што беа измамени, локалните извлекоа корист: чудовиштето стана знаменитост со која туристите се сликаа, а плажата стана место за забави.

Неколку месеци подоцна, чудовиштето се појави и на Парадата за Денот на благодарноста на Масу.

times-square-balloon[1]

- Реклама -