Јапонскиот уметник Казухиро Цуџи е автор на впечатливата реалистична статуа на мексиканската сликарка Фрида Кало. Комбинирајќи смола, платинест силикон и други материјали, Цуџи создава импресивна скулптура, “фатена” од две огромни златни раце.
Цуџи почнува да црта уште како дете, покажувајќи сериозен интерес кон уметноста, сликарството и фотографијата, а потоа портретите стануваат неговата најголема страст.
Неговите дела се претставувани во бројни галерии, како и на голем број самостојни изложби.
Да погледнеме во совршено изработената биста на Фрида Кало.