Морати вели дека судиите се неспособни

Претседателот на Интер, Масимо Морати, упати остри критики на адреса на италијанските фудбалски судии поради контроверзните одлуки што одат на штета на неговиот клуб.

Морати беше бесен откако „Нероаѕурите“ одиграа само 2:2 на домашен терен со Каљари, но Морати делуваше исфрустрирано поради недосудениот пенал врз Ранокија во последните моменти од натпреварот.

„Тоа беше пенал како куќа, најдете ми само еден човек што ќе каже дека за тој старт не требаше да се покаже на белата точка.  Молчев по судиските одлуки против Јувентус, не кажав ништо ни за неправдата што ни се случи против Аталанта, но ова е веќе премногу. Немам друго објаснување освен дека италијанските судии се неспособни, како поинаку да се окарактеризираат грешките што се прават буквално секој викенд. Друга работа е што сите грешки се на штета на Интер, не би сакал повеќе да навлегувам во тие работи бидејќи им се очигледни на сите“ истакна Морати.

Со синоќешното реми „Нероаѕурите“ не успеаја да ја намалат негативата во однос на лидерот Јувентус, којашто сѐ уште изнесува четири бода.

Претседателот на Интер, Масимо Морати, упати остри критики на адреса на италијанските фудбалски судии поради контроверзните одлуки што одат на штета на неговиот клуб. Морати беше бесен откако „нероаѕурите“ одиграа само 2-2 на домашен терен со Калјари, но Морати делуваше исфрустрирано поради недосудениот пенал врз Ранокија во последните моменти од натпреварот. 
 
Тоа беше пенал како куќа, најдете ми само еден човек што ќе каже дека за тој старт не требаше да се покаже на белата точка.  Молчев по судиските одлуки против Јувентус, не кажав ништо ни за неправдата што ни се случи против Аталанта, но ова е веќе премногу. Немам друго објаснување освен дека италијанските судии се неспособни, како поинаку да се окарактеризираат грешките што се прават буквално секој викенд. Друга работа е што сите грешки се на штета на Интер, не би сакал повеќе да навлегувам во тие работи бидејќи им се очигледни на сите“ – истакна Морати. 
 
Со денешното реми „нероаѕурите“ не успеаја да ја намалат негативата во однос на лидерот Јувентус, која што се уште изнесува четири бода.
- Реклама -