Монструозно: Каменувале девојка до смрт бидејќи отворила профил на фб

Девојка од Сирија била каменувана до смрт, бидејќи отворила профил на Фејсбук, пренесуваат светските агенции.Фатум Ал Јасем била осудена на смрт на шеријатскиот суд во сирискиот град Ал Рекаи бидејќи, според предудата, Фејсбук профилот е неморално однесување.

Ја привеле сириските милитанти од друштвото ISIS, чија што бруталност е преекстремна дури и за Ал Каеда.

Судот под овластување на ISIS пресудиле дека членовите на друштвената мрежа заслужуваат иста казна како прељубниците.

Светот стравува дека ISIS, инаку поборници за Ал Каеда и заговарачи на џихадот, превземале контрола над многу делови во Сирија.

Оваа асоцијација настанала во април 2013. година, по одвојувањето од  Ал Каеда.

Оние кои се бунтуваат против нив завршуваат во затвор без судење. Жените се предупредувани со постери „Да ја сокриваат својата убавина“, а забрането им е дури и даго напуштат домот без придружба на мажот.

- Реклама -