- Долг е тунелот на темната страна на човечката природа. А таму некаде, на крајот, во најтемното, се сериските убијци; навидум обични луѓе кои покажуваат дека се способни за чинови премногу монструозни за останатото човештво да може да ги разбере. Оттаму, не е чудна фасцинацијата (секако не во позитивна смисла) што нé тера да сакаме поблиску да ѕирнеме во нивните умови. А таму, куп добри теми за кошмари.
1. „Верувам дека единствениот начин да ги реформираш луѓето е да ги убиеш“.
Карл Панзрам изјавил дека извршил 21 убиство и над илјада силувања. Егзекутиран е во 1930-та.
2. „Секогаш ја имав желбата да нанесувам болка на другите и другите да ми нанесуваат болка мене. Секогаш уживав во сé што боли. Желбата да нанесувам болка, тоа е најважно“.
Алберт Фиш, познат и како „Сивиот човек“, „Месечевиот манијак“,„Вампирот од Бруклин“ и „Врколакот од Вистерија“. тврдел дека силувал и изел околу 100 деца. Егзекутиран е на електрична столица во 1936 година.
3. „Ја земав десната нога од телото на таа жена, од коленото до бутот, ја извадив маснотијата и ја изедов додека таа зјапаше во другата девојка. Во истиот момент кога загризав, таа уринираше“.
Артур Shawcross, познат и како „The Genesee River Killer“, убил најмалку 14 луѓе.
4. „За мене, овој свет не е ништо друго освен зло, а моето зло едноставно произлезе од околностите на тоа што го правев“.
Ајлин Вурнос (Wuornos) убила 7 мажи и беше егзекутирана со летална инекција во 2002-ра. Таа е инспирација за филмот „The Monster“ со Шарлиз Терон.
5. „Кога точно ова чудовиште ми влезе во мозокот – никогаш нема со сигурност да знам, ама знам дека е тука за да остане. Како може човек да се излечи? Не можам да го запрам, чудовиштето продолжува, и ме повредува и мене како и општеството. Можеби вие можете да го запрете. Јас не можам“.
Денис Радер, познат како „BTK Killer“ (од „Bind, Torture, Kill“, т.е. „Врзи, Мачи, Убиј“), убил 10 луѓе меѓу 1974 и 1991 година.
6. „Се сеќавам дека всушност имаше сексуална возбуда… го слушаш тоа мало ‘пап’, им ги откачуваш главите, и ги држиш главите за коса во воздухот. Главите се лулаат, а телата седат неподвижни. Тоа ме палеше“.
Едмунд Кемпер, познат и како „The Co-Ed Butcher“ или „Big Ed“, е одговорен за смртта на 10 луѓе, вклучително и мајка му и баба му и дедо му.
7. „Одеднаш сфатив дека направив нешто што ме оддели од човечката раса, и нешто што никогаш не можам да го поништам. Сфатив дека од тој момент натаму никогаш нема да можам да бидам како нормалните луѓе. Мора да стоев таму во таа состојба едно 20 минути. Никогаш немав почувствувано празнина на себството како тогаш во тој момент и никогаш нема да го заборавам тоа чувство. Беше како да преминав во некаков круг од кој никогаш нема да можам да се вратам“.
Дејвид Алан Гор извршил 6 убиства и беше погубен во 2012-тата, откако помина 30 години на доживотна казна.
8. „Не верувам во човек, Бог, ниту Ѓавол. Ја мразам целата човечка раса, вклучително и себе си… Ги ловев слабите, безопасните и невнимателните. Оваа лекција ја научив од другите: Моќните одредуваат што е исправно“ (оригиналната фраза е „Might makes right“, нешто во смисла на „Победниците ја пишуваат историјата“).
Гери Риџвеј, познат и како „Green River Killer“, беше осуден за задавување на 49 луѓе. Оттогаш има признато дека има убиено дупло повеќе од тоа.
9. „Го правиме сé тоа што уживаме да го правиме. Дали ќе се погоди да биде оценето како добро или како зло, е на другите да решат“.
Ијан Брејди, заедно со партнерката Мајра Хиндли, е одговорен за таканаречените „Moors Murders“ меѓу 1963 и 1965 во Англија. Убиле 5 деца и биле осудени на доживотна робија.
10. „Роден сум со Ѓаволот во мене. Не можев да го сменам фактот што сум убиец, исто како што поет не може да одолее на инспирацијата да запее. Роден сум со ѓаволот како мој покровител до креветот каде што бев внесен во светов, и оттогаш тој е секогаш со мене.“
Х. Х. Холмс има признаено 27 убиства, иако се смета дека вистинската бројка е некаде околу 200. Бил обесен во 1896 година; вратот не му се скршил, па умирал повеќе од 15 минути.
11. „Мојата голема жед беше да ги искусам нивните тела. Ги гледав како објекти, како странци. Тешко ми е да верувам дека човечко суштество би можело да го направи тоа што јас го направив“.
Џефри Дамер, познат како „Канибалот од Милвоки, беше убиен од затвореник во истиот затвор во 1994-та година, откако го осудија за убиство на 15 луѓе. При убиствата биле вклучени и силувања, некрофилија и канибализам.
12. „Откако главата ќе ми биде отсечена, ќе можам ли да го чујам, барем за момент, звукот на мојата сопствена крв што брза да истече од мојот врат? Тоа ќе биде најдоброто задоволство за крај на сите задоволства“.
Питер Куртен, познат како „Вампирот од Дизелдорф“, убил 7 луѓе и нападнал многу други. Признал дека ја пиел крвта на барем една од жртвите, и бил погубен на гилотина во 1931 година.
13. „Во сонот пред мене гледам шума од распнати на крстови кои постепено продолжуваат во дрва. Во прв момент се чини дека утринска роса или дожд капе од гранките, но како што се доближувам сфаќам дека е крв. Одеднаш целата шума почнува да се грчи. Дрвата, голи и исправени, протекуваат крв. Човек оди до секое дрво и ја собира крвта во сад. Кога садот е полн, ми се доближува. Пиј, ми вели. Ама јас сум неподвижен“.
Џон Хај (Haigh), попознат како „Acid Bath Murderer“, убил барем 6 луѓе во Британија. Бил погубен во 1949 година.
14. „Учиш што треба за да убиеш, и потоа се погрижуваш за деталите. Тоа е како менување гума – првиот пат си внимателен, но после 30-тиот, веќе не се сеќаваш каде си го оставил алатот“.
Тед Банди призна 30 убиства пред да биде егзекутиран на електрична столица во 1989 година.