Монсанто ја предаде битката во Европа

Најголемата компанија за производство на генетски модифицирани семиња, Монсанто, како што известува Дојче Веле, нема повеќе да лобира во Европа.

Монсанто изјави дека поради многу малата побарувачка за нивните семиња и големиот отпор кој се појави, бесмислено било да се троши повеќе време на лобирање.

Германскиот Министер за агрокултура ја потврди оваа одлука, а меѓу другито додал дека министерството од секогаш било критички настроено кон генетски модифицираните технологии.

Протестите во Германија против ГМО беа едни од најконстантните и најмасовните уште од 2009 година.

Ривалите на Монсанто, Bayer CropScience, BASF и Syngenta, уште одамна го напуштија германскиот пазар, поради општо прифатениот отпор кон модифицираните семиња.

Прочитајте и:  Лавров: САД ја подготвуваат Европа за директен конфликт со Русија
- Реклама -