Кога денес ќе се спомне монокини, си замислуваш едноденелен костум за капење, од оние што при сончање ти оставаат шари како да си го склопувала телото од разни луѓе. Но првото монокини, всушност, се појави во 1964 година, и беше оригинален топлес костум за капење, во кој женските гради имаа целосна слобода. Дизајнер беше авангардниот Руди Гернрајх (Rudi Gernreich), кој таа година предвиде дека „градите ќе бидат откриени најдоцна за 5 години“. Судејќи по европските плажи, баш и не згреши.
Руди бил американски моден дизајнер и меѓу првите геј активисти. Мода учел во бутикот на тетка му во Виена, од каде што му е потеклото. Тој и мајка му побегнале во САД за време на нацистичката окупација на Австрија, кога Хитлер, меѓу многуте други мерки, ја забранил голотијата. Во тоа време, многу од Австријците „практикувале“ нудизам во форма на бунт/одбивање на претерано-цивилизираниот свет. Меѓу нив и Гернрајх бил против сексуализацијата на човечкото тело и подконтекстот што произлегува од тоа – дека телото е срамно, нешто од што треба да се срамиш.
Неговиот отпор кон таквиот став јасно се гледа од фотосесијава од архивите на LIFE, во која моделката Daphne Dayle позира за фотографот Paul Schutzer во монокинито на Гернрајх.