Мондино: Аргентина нема да се приклучи на БРИКС

Новата министерка за надворешни работи на Аргентина, Дијана Мондино, денеска изјави дека нејзината земја нема да се приклучи кон групата земји во развој БРИКС, иако претходната влада тоа помпезно го најави.

Мондино ќе биде шефица на дипломатијата во владата на новоизбраниот претседател Хавиер Милеј, откако следната недела ќе положи заклетва, јави Политико.

Аргентина беше една од шесте земји кои беа поканети да станат нови членки на блокот на годишниот самит во Јоханесбург во август.

БРИКС во моментов го сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Оваа јужноамериканска земја би можела да стане нова членка на гореспоменатата организација на 1 јануари 2024 година, заедно со Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Медиумите потсетуваат дека годинашната покана за членство во БРИКС, аргентинскиот претседател Алберто Фернандез помпезно ја прослави, изјавувајќи дека станува збпр за „одлична можност“.

-Ги отвораме можностите за приклучување кон нови пазари и консолидирање на постојните, како и зголемување на инвестициите, отворање работни места и зголемување на увозот, рече тогаш Ферндндез.

Меѓутоа, Политико истакнува дека претседателот Милај, кој беше избран во ноември, вети дека драматично ќе ја промени надворешната политика на Аргентина, вклучувајќи ги и нејзините односи со двата главни трговски партнери и основачите на БРИКС, Бразил и Кина.

Овој медиум потсетува дека Милај го нарече бразилскиот лидер Луис Инасио Лула да Силва „лут комунист“, а остро ја критикуваше и Кина и се закани дека ќе ги прекине врските.

-Не би промовирал односи со комунистите, рече тој во август.

МИА

- Реклама -