„Само во текот на вчерашната вечер и денеска повеќе луѓе од институциите меѓусебе неповрзани (некои не ги познавам воопшто) до мене доставија сериозни информации и индиции за противправно дејствување на поединци и институции“, пишува новинарот Горан Момироски во вчерашната колумна објавена на порталот „Експрес“.
„Тоа што го знам во соодветна форма ќе го објавам“, продолжува тој, „се разбира без да им дадам шанса на луѓе како генералниот секретар на Владата Драги Рашковски да поднесуваат кривични пријави кои имаат само една цел, да заплашат и да ги забават процесите.
Притоа се разбира освен ако некој не учествува во нова афера ‘Големо уво 3’ и ми ги следи комуникациите, никој нема да ги дознае имињата на тие што веќе не можат да ја издржат пресијата и неправдата но и кршењето на законите од страна на функционери и иннституции.
За вечерва само неколку објаснувања и прашања.
Првото се однесува на петочната најава на Јовче Ременски кој е сопруг на потпретседателката на Собранието Фросина Ременска а во моментов е началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија“… Целата колумна, во која Момироски поставува, како што вели, легитимни и прашања кои можат јавноста и Обвинителството да ги одведат до одредени сознанија околу текот на процесот „Рекет“, прочитајте ја ТУКА.