Додека Џеф Безос – убедливо најбогатиот човек на светот, продолжува да се богати, илјадници вработени во неговата компанија Amazon протестираа против лошите услови и бараа поголема плата. Тој факт го претвори Безос во константна мета на критики на јавноста, па на крајот главниот извршен директор на Amazon немаше избор освен да попушти под притисокот и да ја зголеми минималната плата за вработените во компанијата.
Можете ли да замислите како изгледа моментот кога тие илјадници работници дознаваат за оваа негова одлука? Видеово, објавено вчера на Твитер, го лови токму моментот кога Дејв Кларк – постар заменик претседател на Amazon, им соопштува на работниците во складот во Калифорнија, дека компанијата решила да им ја покачи платата за сите свои 350.000 вработени во САД на 15 долари од час. Погледнете:
This is what the political revolution is all about: today 350,000 Amazon workers found out they are getting a raise to at least $15 an hour. pic.twitter.com/RbEojpc9X0
— Bernie Sanders (@SenSanders) October 2, 2018
„Токму ова е суштината на политичката револуција“, напиша на Твитер американскиот сенатор Берни Сандерс, кој всушност и беше еден од најгласните во притисокот во јавноста со цел компанијата да ги зголеми платите.