Делата говорат повеќе од зборови. Тие не мора да бидат големи нешта, но постојат многу мали работи со кои момците можат да покажат на својата девојка дека навистина ги сакаат. Откријте кои се тие мали нешта од деликатна важност за вашата врска.
Бројот на чевли
Дури и да не очекуваат од нивниот партнер да им купи чевли, тој мал детаљ дека го знае бројот на нозете на својата сакана, на секоја жена многу би ѝ значело.
Омилениот цвет
Секогаш е убаво да се добие цвет или букет како подарок, особено ако за тоа има посебна причина како роденден или годишнина од врска или брак. Уште поубаво е ако партнерот го знае омиленото цвеќе на својата партнерка, па баш со тоа ја изненади понекогаш својата љубена.
Омилената перница
Сигурно е убаво кога партнерот ја знае вашата омилена перница и не ја става невнимателно под својата глава.
Омилениот накит
Различни жени, различни вкусови. Некои претпочитаат жолто злато, некои бело, некои сребро… Во секој случај, ако партнерот сака да ја изненади својата партнерка со парче накит добро е да се знае дека прстенот од бело знато ќе ѝ се допадне повеќе од оној со жолто или обратно.
Омилена храна за време на ПМС
Иако на повеќето жени им одговара чоколадо и слатки, постојат и такви што во тие денови им е потребен друг вид на храна. Ако партнерот знае која е таа храна ќе биде во голем плус.
Омилени филмови/книги
Да се знае омилениот тип на филм и книга на својата најмила значи дека веќе добро ја познавате и можете многу да дознаете за неа преку тоа. Па ако ја изненадите со некој таков избор, таа ќе знае дека сте поблиски од било кога.
Омилено јадење
Фактот дека тој се сетил на вашето омилено јадење и го зготвил за вас можеби е мала работа, но ја докажува неговата искрена љубов.
Лузна од детсвото
Можеби имате мала лузна на палецот затоа што сте биле изгребани од мачка. Тоа не е голема работа, но тоа е индикација дека вашиот партнер слуша и внимава.
Омилена емисија
Дали вашиот пратнер знае која ви е омилена емисија и уште да ви овозможи редовно следење на истата, тоа е едно од нештата кои многу им значат на жените.
Што сте носеле на вашиот прв состанок
Ако вашиот партнер после години поминати заедно се сеќава што сте носеле на вашиот прв состанок, значи дека неговите намери спрема вас уште од самиот почеток биле озбилни.
Омилено вино
Тоа не мора да биде скапо вино, но да се знае омиленото и да се донесе дома за ваше добро расположение после напорниот ден, многу му иде во корист.
Број на градник
Ако партнерот некогаш посакал да ви купи нешто секси, сакате тоа да биде во соодветна за вас големина. Вистинскиот број сигурно ќе ја олесни ситуацијата.
Омилен парфем
Дури и не мора да го знае името на парфемот, но веќе е голема работа ако само по мирис го препознае вашиот омилен парфем.