Дедо Мраз од Културниот центар во Градишка (град во БиХ) добил невообичаено писмо со несекојдневна детска желба. Писмото, наводно, го пишува мало момче по име Петар, пренесуваат босанските портали. Петар пишува:
„Драг Дедо Мраз,
Имам само една желба и те замолувам да ми ја исполниш. Кога ќе се враќаш на Северниот пол, поведи ги со себе сите политичари, ама баш сите. Немој да заборавиш ниту еден од нив овде. Само те молам, добро држи ги по пат, за да не пoбeгнaт назад. Тогаш ќе можам да го гледам мојот канал на ТВ, а не собранието што го гледа татко ми и нивните кaвги.
Те молам, ангажирај ги таму на Северниот пол да ти пакуваат играчки и слатки. Само внимавај, тие сигурно и таму ќе pacправаат, зашто така се навикнати. Ако им дозволиш да се pacправаат, нема да сработат ништо, па следен пат ќе треба да доаѓаш без играчки и слатки.
Се надевам дека ти ќе можеш ова да го решиш, а и мене да ми ја исполниш желбата. Само уште да ти кажам дека ако јас се прашувам, не мораш да ги враќаш.
Твој Петар П.“