„Молња“ од длабочините: Во Амазон е откриена јагула која што со своите 860 волти прижи се пред себе (ВИДЕО)

Два нови вида електрична јагула се пронајдени во водите на Амазон, од кои едниот – Електрофорес волтај( Electrophorus voltai), е во состојба да генерира електричен напон со рекордни 860 волти.

Новите видови се откриени со истажување преку ДНК, за научниците ова открите претставува уште еден доказ за разновидноста како на растителниот така и на животнискиот свет во Амазонските прашуми.

Самото открите  исто така е индикација за важноста на заштитата на ова живеалиште од уништување на шумите, односно сечење и уништување на дрвја како и пожарите.

Дејвид де Сантана, зоолог од Природнонаучниот музеј од Смитсонијан, смета дека и покрај човечкото дејствување во Амазон, може да се откријат уште многу големи риби, како што се двата вида ново откриени електрични јагули.

Постојат три типа на електрична јагула: Електрофарс електрориум ( Electrophaurs electrius) , Електрофарс волтај (Electropharus volta) и Електрофарус вари (Elecetropharus varii), според британскиот Гардијан.

Весникот не потсетува дека електричната јагула била главната инспирација за изградба на првата електрична батерија.

 

- Реклама -