Моќта на една книга

Проектов е доста стар – од 2007 година, ама тоа во случајов не значи баш ништо. Дело е на мексиканскиот уметник Jorge Méndez Blake, кој со инсталацијава „суптилно го истражува импактот на една надворешна сила“.

Мендез конструирал ѕид од тули со димензии од 22 и 4 метри, поставен врз еден и единствен примерок од романот на Франц Кафка – „Замок“. Иако книгата е поставена на самото дно, нејзиниот импакт е видлив и на самиот врв на ѕидот.

Метафорава може да важи со (речиси) било која книга, но „Замок“ на Кафка билa одбранa токму во посвета на животниот стил и делото на писателот.

Кафка бил длабоко интровертна фигура и низ целиот живот пишувал строго приватно. Објавен е дури постхумно, од неговиот пријател Макс Брод. Тоа негово минимално, а толку силно присуство на писателот во денешната литература, отсликува како една мала идеја може да има монументален импакт.

 

- Реклама -