„Премиерот вчера рече дека ова што се случува во ФФМ не е добро за никого, а ни за фудбалерите. Тој балон систем што го споменуваат не вели дека фудбалерите не смеат да се видат со Претседателот и премиерот за да им посакаат среќа. Ова не е во ред и се надевам дека ќе се најде решение првите луѓе во државата да ги испратат овие херои, спортистите се амбасадори на Македонија“, изјави денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт – Наумче Мојсоски, во „Студио 10“ на ТВ24.
Според него, иницијативата дошла од самите фудбалери и стручниот штаб, а средбата би се случила на стадион, со дистанца и на отворено.
„Премиерот би посакал среќа и ништо повеќе. Но, видовме дека можело и тоа да се забрани…. Мислам дека не даваме добра слика во јавноста. Не може никој да ме убеди дека Претседател или премиер не може да ги испрати спортистите на ЕП“, рече Мојсоски.