Мојсоски: Боите на дресот се црвена и жолта, незаконски е да се менуваат

Бојата на националните дресови ја одредува самата федерација независно од тоа кој е директор, а притоа се уредени со закон. Се знаат боите во сите репрезентации, а боите на македонската репрезентација се црвена и жолта и незаконски е да се вметнува друга боја, изјави денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт – Наумче Мојсоски, во разговор со „Студио 10“ на ТВ24.

Според него, се покажало дека променетиот дрес не поминува, па по реакциите на јавноста ФФМ била приморана да го врати стариот.

„Не е важно кој е претседател на ФФМ, важно е дека законот не се почитува. Во сите светски федерации тоа е уредено со Закон за спорт“, истакна Мојсоски.

Во однос на пријателскиот меч денеска со Словенија, директорот на АМС истакна дека ќе му биде чест да ги испрати нашите фудбалски херои на арената „Тодор Проески“ да почувствуваат публика и бодрење. Како што рече тој, во нивните нозе има потенцијал.

- Реклама -