Tелесниот отпор и кореографските протести во јавните простори станаа ефективни и моќни средства за мирни демонстрации во капиталистичките демократии. Развиени од страна на квир феминистичките активисти во 1990- тите, т.н. „радикално навивање“ комбинира ненасилни, директни акции со театарски елементи.
Навивањето е добро познато во форма на организирани навивачки групи на спортски натпревари. Креаторите на оваа изведба ги користат и субвертираат кодовите на навивањето да ги пренесат своите пораки. Гламурот, сјајот и миксот од различни слогани се компоненти на оваа радосна, сатирично – алтернативна форма на милитантните форми на протест. Со жестокост, прецизност и хумор, на хетерогениот ансамбл предводен од страна на кореографот Зуфит Сајмон (Zufit Simon), којa исто така се појавува на сцената, го поставува прашање за што е вредно да се излезе на улица.
-Овој перформанс зборува за тоа колку е важно да сме свесни дека ние ги поседуваме работите, дека кај нас е капиталот на тоа кои сме, што сме, зашто сме и дека нашиот глас и нашето постоење, нашата работа е вредна и дека таа треба да се вреднува. Оваа претстава е една од претставите кои што сакавме да ги донесеме, да ги види македонската публика уште еднаш поради тоа што ние работиме со одредени теми, а оваа тема е тема за слободата, ама не само за слободата, туку и за тоа што значи ние да ги остваруваме своите перспективи и да знаеме што можеме со своето тело, но темо сфатено не само како тело објект, туку како субјект, човек, личност која што има право на глас, која што има право да живее и остварува според тие вредности како што смета дека го прават светот – вели Билјана Тануровска од „Локомотива“.
Идејата за овој фестивал, перформанс, платформа, вели Билјана генерално лежи во тоа да почнеме да ги делиме ресурсите кои што ги поседуваме, да ги правиме се повеќе заедно и да има можност публиката да види различни уметнички пристапи, уметнички дела кои што се однесуваат или се во полето на перформансот. Токму тоа смета таа е еден феминистички пристап, затоа што делењето на ресурсите, споделувањето, градењето на заедници е нешто кое што доаѓа од таму.
„Радикално навивање“ e втората претстава во рамки на Перформанс Платформа Фестивал во режија на Зуфит Сајмон, изведувачка и кореографка, родена во Израел.
-Сметам дека е премногу тешко да се сведе целиот вечерен перформанс во една порака. Но едноставно се работи за нашето сопствено тело, мое тело, мој избор. Правото на нашето сопствено тело. Правото на секоја личност да прави и да биде тоа што сака, што чувствува. Да имаат право да се слободни, мислам дека смислата е телото. Мојата слобода, мојот избор. Но имаме многу различни слогани кои што ги користиме во делото и преку повторувањето, значењето исто така се префрлува. И заедно со музиката и движењето и трансформацијата на движењето, има различни значења и различни слоеви еден над друг. Значи има многу слогани кои што се спојуваат со делото кои што ги направивме самите, или два од различни протести, видеа, и слики, и истражувањето. Тешко е да се редуцира се во една порака, но навистина е телото, нашето право да бидеме она што сме- вели Зуфит.
На прашањето дали може револуцијата за женските права да започне во театарот, таа смета дека тоа е дефинитивно една почетна точка. Театарот вели треба да се искористи за да се претстави нешто што ги предизвика сите и да отвори различни теми. Театарот не е само забава, туку е многу важна платформа за уметниците да пратат одредена порака.
-Сите мои дела имаат потреба од многу личен пристап до нив. Нешто мора да ме допре за да работам на одредена тема. Не можам да направам дело што е за нешто, за некое место тотално на другата страна на светот. Мора некако да ме погоди прво, да ме помрдне и да ме предизвика да се посветам на тоа. Исто така навистина нешто што ме поттикна мене беше тоа како општеството во многу различни земји прави чекори наназад во делот на правата на жените, правото над сопствено тело, на тоа да носиме што сакаме, да кажеме што сакаме. Сакаме да не ни го земаат гласот. И тоа е тој слоган кој што го употребуваме константно, „Мое тело мој избор, не ми го одземајте гласот“. Многу е важно тоа за мене. Го гледам во многу различни држави и го имам чувството дека навистина сакам да се фокусирам на тоа- вели Зуфит.
Целта на овој перформанст, објаснува таа не е да се воведе публиката во непријатна ситуација, туку публиката да остане окупирана со тоа што го гледа. Во перформаnсот има многу нудистички сцени, но за нив има причина.
-Има причина зошто ја користиме нашата кожа, нашата крв или мускули, различни делови од телото, и начинот на кои ги покажуваме исто така. Да се вклопи со светлото и звукот. Многу различни слоеви кои се натпреваруваат меѓусебно. Нудистичките сцени не се прикажани на сексуален начин, туку едноставно прикажува нешто што е многу важно. Така што не се мисли на тоа да се покажат градите, навистина е за нешто поразлично, како правото врз моето тело- објаснува Зуфит.