Кога ќе се направи добар избор на моден детал, и покрај прекрасниот фустан, шминка или фризура, малите чанти се во преден план.
Холивудските ѕвезди се обидоа на доделувањето на Оскар во Лос Анџелес со чантите и накитот да заблескаат во полн сјај.
Во Лос Анџелес овој пат на доделувањето на златната статуетка, се носеше и злато. Златен накит, златна ташна и фустани во боја на злато, моравме да приметиме. За некои други прилики, ваква количина на златни детали би била неадекватна, но со гламурот и раскошот на оваа манифестација добро се вклопи.
Винтиџ чантата е добро усогласена со златните парчиња накит. Комбинацијата од злато и сребро дава доза на екстраваганција.
Оваа металик чанта и црн масивен прстен беа доволни модни детали со едноставниот морнарско син фустан. Деталите навистина го прават стилот.
Во борбата на модните детали победи овој. Необичната чанта и оригиналниот спој на црниот и белиот накит се вистибнска комбинација на едноставност и елеганција.
Бисерите мораа да бидат присутни на црвениот тепих, ова безвременско парче накит во оваа варијанта изгледа одлично.