Откако се стекна со мега популарност играјќи го Шелдон Купер во серијата „The Big Bang Theory“, Џим Парсонс стана еден од омилените филмски ликови меѓу љубителите на сериите.
Во последниот мартовски број на престижниот магазин „GQ“, тој одлично се снајде во делот со модната игра, каде 39-годишниот комичар ги презентираше најновите машки трендови во кои главен детаљ се мокасинките.
Игнорирајќи го модното правило дека „додатоците мораат да бидат во иста боја“, и правејќи незамисливи комбинации со нивните нијанси, Џим изгледа одлично и елегантно во последната фотосесија.