Овој апартман во Лондон кој беше трансформиран од страна на „Andy Martin Architects (AMA)“, денес претставува урбано и колоритно катче за живеење. Сместен на самото приземје, станот има прекрасен поглед кон најраскошните градини во срцето на Лондон, а во него удобно е сместено четрочлено семејство. Благодарение на одлично уредените модерни елементи со кои изобилува овој дом, тој воодушевува со својата ведрина и позитивност.