Оваа сезона анимал принтот е во мода.
Ако се чувствувате како во џунгла во некој бутик во кој се нудат најновите трендови не се чудете. Оваа пролет тоа е сосема природна работа. И оваа сезона е актуелен анимал принтот, секако на нов начин и често од глава до пети.
Кошули, јакни, панталони, фустани, чанти, чевли – нема некое парче на кое нема да најдете анимал принт.
Навикнавме зебрастиот принт да биде црно бел, а леопард и тигрестиот принт жолто-црн, но тоа оваа сезона нема да биде исклучиво правило. Розова, зелена, сина – сите бои се дозволени за „дивите“ комбинации.
Добијте инспирација од следните фотографии за вашиот пролетен шопинг!