За да докаже колку можат да измамат и излажат фотографиите во модата и гламурот, една студентка по фотографија одлучи да создаде своја Фотошоп кампања.
Ана Хил, е студент во East Carolina University, и создала четири автопортретни слики за нејзиниот финален проект именуван Beauty Is Only Pixel Deep; се потсмева на рекламите и покажува колку далеку може да оди дигиталната монтажа.
„Си помислив дека ќе биде забавно да се потсмеам на рекламите за убавина се премногу манипулативни“, изјави 24-годишната фотограферка за Huffington Post. „Тие навистина толку многу менуваат, што можат преку тоа да го рекламираат Фотошоп отколку продуктите кои ги продаваат“, додава таа.
Навистина, студентката ја сврте оваа идеја наоколу и го рекламира Фотошоп како „козметички комплет“ во кој е вклучен: креон, римел, сенка за очи, коректор, кармин, помладување на лице, бришење на борите.
Госпоѓицата Хил, која сама го научила Фотошоп на 14 годишна возраст, вели дека сега нејзиното око е истренирано да ги види „токму каде моделите биле променети“, и најпрво ги сподели своите фотографии на Reddit и признава дека е воодушевена од бројноста на одговорите што ги добила.